Македонскиот репрезентативец и член на Ференцварош Стефан Спировски, денеска направи операција на коленото, поради која за него оваа сезона е завршена.

Спировски паузираше од ноември кога доби повреда за време на натпреварот со Лихтенштајн, уште во 8. минута мораше да го напушти теренот. Од ноември минатата година не играше натпревари за својот тим. И покрај тоа што пред неколку дена се врати во тренажен процес, сепак, операцијата беше неопходна.

Тоа значи дека селекторот Игор Ангеловски ќе го нема на располагање за натпреварите против Полска и против Австрија во јунскиот циклус на квалификации.