Петте гола во мрежата на Борусија Дортмунд, го запалија „алармот“ кај „милионерите“. Баерн Минхен удри онаму каде што нивниот ривал е најслаб – во одбраната. Конкурентот на „баварците“ изгледаше како да залутал во Минхен, само едвај чекаше да заврши мечот.

Тоа е ставот и на спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.

„Правевме грешки на ниво на млади категории. Ништо не покажавме што би не сместило во сериозен тим кој се бори за титулата. Напротив, не бевме ментално дораснати за ваков вид на натпревар. Првиот гол го примивме после прекин, поедноставно не може, вториот практично беше автогол. Како тогаш да победиме?“, праша Цорк.