Во кошарката често се случува кога се играат некои средношколски натпревари, да судат и самите ученици од тоа училиште. Не е правило, но е често.

На овие клинци на видеото, судијата е нивен врсник. Додека играчите се загреваа, судијата ја зема топката и ја заби во кошот.

Играчите беа во позитивен шок од настанот, се смееја, гестикулираа. Некои од кошаркарите му рекоа да „свири крај“. Шоуто заврши уште пред да почне!