Чудна ситуација на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам. Ајакс доминира на теренот, но Јувентус дојде во водство. Ајде погодете кој го даде голот? Па нормално – Кристијано Роналдо, мајсторот за голови. Португалецот ја начна мрежата на холандскиот тим пред истекот на првото полувреме.

Роналдо беше повреден и не беше сигурно дали ќе игра, но ете го во првиот тим и веднаш погоди. Тоа е негов 125. гол во Лигата на шампионите.