Егзон Белица и Јасир Асани беа творци на победата на Партизани во дуелот со Скендербег во рамките на 28. коло во најсилната албанска лига. Стружанецот Белица инаку поранешен играч на Шкендија и Работнички погоди во 25. минута, а Асани, поранешниот младински репрезентативец на Македонија и екс-играч на Вардар реализира во 50. минута од пенал. Асани го смени македонскиот дрес, и се реши во иднина да настапува за Албанија.

Партизани цврсто го држи првото место на табелата со 57 бодови, девет повеќе од вториот Кукеси, додека Скендербег е шести со 40 бода.