Германскиот бундеслигаш Борусија (М) денеска на официјалната веб-страница потврди дека следната сезона ќе има нов тренер. Клубот од Менхенгладбах се договорил со актуелниот менаџер на австриски Салцбург да ја преземе работата во клубот почнувајќи од јули.

Марко Розе кој годинава има одлична сезона со Салцбург е новото решение за Борусија (М).

“Розе има извонредна работа во Салцбург во изминатите шест години, и ние сме задоволни што ќе биде со нас следната сезона”, рече Макс Еберл, спортски директор на Борусија (М).

Претходно, германскиот клуб одби да го обнови договорот со актуелниот тренерр Дитер Хекинг, кој го води тимот од 2016 година.