Првиот натпревар од двомечот во квалификациите за ЕП 2020, Македонија го игра вечерва (21:45 часот) во Рејкјавик, а селекторот на Македонија Данило Брестовац, кој ќе дебитира на клупата смета дека се зависи од нашата игра.

„На секој натпревар одиме на што подобар резултат и на победа. Тешко дека Исланд може со нешто да не изненади, но ние самите на себе сме си главни непријатели. Ако добро се подготвиме со видео-анализи и затвориме се она што можат тие да играат и ако одлично им парираме особено во одбрана, се е можно. Треба поагресивна одбрана, која ќе донесе полесни голови и се надевам на добар сигурен напад, кој ќе донесе добар резултат“, заклучи Брестовац.

Прашан дали има притисок пред селекторското деби, тој вели:

„Подобро функционирам под притисок, така што сам себе си правам дополнителен притисок, мислам дека тоа е позитивно во целата оваа ситуација, искрено очекувам два добри натпревари.