БЛОКОТЕХНА – ГОСТИВАР 94:98 (20:30, 22:18, 19:22, 33:28)

Кошаркарите на Гостивар успеаја да го совладаат новиот освојувач на БИБЛ лигата, екипата на Блокотехна на гости со 98:94 и со тоа со комплетен гостински успех да го затврат првото коло од продолжението на шампионатот. Домашните заморени од дводневниот Ф4 турнир во Албанија, се чини не успеаја да го одржат ритамот во мечот и дозволија гостите да го диктираат темпото.

Гостиварчани уште во првата четвртина се потрудија да направат +10 и потоа само да се приближуваат до целта. Во последниот период од мечот Блокотехна го засили темпото, успеа да се приближи до водството на гостите, но не успеа да го направи и клучниот чекор за пресврт.

Шегариќ со 19 поени беше најефикасен кај екипата на Гостивар, каде Трајковски уфрли 18, а Костовски 17 поени. Кај Блокотехна Пен со 36 поени и Фандербург со 21 беа најефикасни во поразот.