Кавалирс доживеаја пораз на свој паркет од екипата на Шарлот со 124:97 и со тоа спуштија завеса на најлошата сезона во историјата на франшизата со 19 победи и 63 порази. Во еден момент турскиот репрезентативец со македонско потекло Џеди Осман беше фаулиран и застана да изведува слободни фрлања. Додека издишуваше,од устата му излезе гумената заштита за забите и тоа пред камерите. И самиот Џеди се изненади, а тоа се гледа по урнебесната реакција.

Џеди го заврши мечот со 17 поени и четири скокови недоволно да го спаси својот тим од пораз.