Капитенот Кирил Лазаров од контра постигна погодок за Македонија за реми, 17:17, по првите 30 минути во Рејкјавик од првиот квалификациски натпревар за ЕП 2020 против Исланд.

Гоце Георгиевски со 6 погодоци е прв стрелец во нашата репрезентација, додека Лазаров и Манасков имаат по три гола.

Не влезе во мечот Македонија според посакуваното. Цели пет ипол минути бевме без погодок за малерот да го скрши Манасков од седмерец и за момент да ја запре серијата на Палмарсон (2:1). Дефанзивната линија делуваше како да и е потребно повеќе време да почне да функционира, а додека да се случи тоа Магнусон и Арнарсон му ја донесоа на Исланд највисоката предност, 7:3, односно 9:5.

Нашите момци ја корегираа одбраната и со серија од 0-4 од негатива од 12:9, дојдоа до водство од 12:13. Георгиевски одигра клучна улога во овој пресврт.

До крајот се играше гол за гол, Македонија имаше водство и на 13:14, за на паузата да се замине со егал.