Какво време дојде веќе не е чудно што некој клуб решил да плати 100 милиони евра за еден играч. Се вртат големи пари во фудбалот, а клубовите се „тепаат“ да привлечат некој млад талентиран играч и потоа да му набијат цена и да заработат од него.

Дека светот тотално полуде, доказ е случајот на 14-годишниот Јусуф Мукоко. Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд и еден од најталентираните фудбалери на своја возраст доби договор од соништата.

Тој договор не му го дала Борусија туку американскиот производител на спортска опрема Најк кој проценил дека Мукоко има потенцијал во иднина да биде најдобар играч на светот и ја искористи оваа шанса. Потпишан е договор на 10 години, а младиот фудбалер ќе добие 10 милиони евра.

Во договорот има и бонуси во случај да одигра меч од Бундес лигата или да даде гол за сениорите итн.