Вечерва во Рејкјавик Исланд и Македонија (21.45 ч.) ќе се пресметаат во рамките на квалификациите за ЕП 2020. Ова се и составите на двете репрезентации за вечерашниот дуел. Нема големи промени во основата на нашиот тим, но има повратник Кукоски, кој треба да помогне во дефанзивната линија. Тука се и младите Маџовски, Јагуроновски и Танкоски. Дејан Манасков и покрај тоа што беше повреден на унгарското дерби меѓу Пик Сегет и Веспрем ќе биде на располагање.

Кај Исланд новина е враќањето на Валур Сигурдсон кој беше повреден од јануари.