Ако не може никако да се падне да играат меѓу себе во едно големо финале во сениорска конкуренција, тогаш Шкендија и Вардар силите ќе го одмерат во младинска конкуренција. Тетовци, кои се бранители на трофејот, во полуфиналето беа подобри  од А. Пандев а Вардар пак го елиминира Работнички. Во пионерска конкуренција Победа и Њу Старс ќе се борат за трофејот. Прилепчани во полуфиналето беа подобри од Работнички а Њу Старс пак од Шкупи.