Делегација од полската фудбалска асоцијација била во посета на Скопје, каде што вршела инспекција на сместувачките капацитети и на стадионот каде што ќе се игра квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Полска на 7. јуни.

„Не очекуваме да имаме проблеми таму. Во Македонија храната би требало да биде добра, имаме проблем само кога одиме надвор од Европа.“, изјавуваат од делегацијата, а пренесоа полските медиуми.

Тие разговарале со неколку хотели, и наскоро ќе донесат одлука во кој ќе отседнат. Според нив, секогаш го бираат најубавиот хотел во близината на стадионот.

Веќе имаат и список на нарачки кои би требало да бидат обезбедени за време на официјалниот тренинг, и за време на натпреварот.

„Главно бараме банани, мраз и вода, но понекогаш имаме и други главно ситни барања.“, изјавија од полската делегација.