Британската тенисерка Тара Мур на ИТФ турнирот во Сандерленд се избори за пресврт каков што не е виден во тенисот во последниве 15. години.

Мур губеше со 6:0 и 5:0 од Џесика Пончет, а откако ја спаси меч топката потоа освои пет гема во низа и го доби тај-брејкот со 9:7. Со целосен пресврт Мур дојде до победа од 0:6, 7:6 и 6:3.

„Никогаш не се посомневав во победата“ – изјави Британката, која во моментот е на 479. место во светот.

Интересно е што претходно единствена тенисерка која можеше да се пофали за ваков кам-бек е Лиса Рајмонд, која пред 15 години на Ролан Гарос губеше со 6:0 и 5:0 од Курхачова, а потоа со пресврт победи со 0:6, 7:5 и 6:3.