Репрезентацијата на Турција со 26:22 (11:11) ја совлада Грција, во Кожани, во првиот меч од групата три во вториот круг од квалификациите за ЕП 2020.

По изедначеното прво полувреме, Турција ја превзема иницијативата во вториот дел од натпреварот, имаше константна предност од два гола и тоа и го донесе првиот триумф во циклусот.

Турција за четири дена во Ескешехир ја пречекува Грција во реваншот.

Исланд и Македонија се втората двојка од оваа група која се среќава вечерва 21:45 часот по македонско време во Рејкјавик.