Кога ни предупредувањата не помогнаа Фудбалската федерација на Кипар мораше да примени ригорозни мерки. Ја суспендира целата Втора лига поради местење на натпревари. Не можејќи да трпи постојан притисок од УЕФА и од нивните служби за мониторинг на лигите низ Европа. УЕФА неколку пати посочи на сомнителни уплати и движење на резултатите во Втората лига на Кипар, но Фудбалската федерација „замижуваше“ се до сега.

Капката што ја прели чашата е минатонеделниот меч помеѓу Отелос и лидерот Олимпијакос Никозија кој беше прекинат од технички причини, меѓутоа во заднината на овој меч стојат сомнителни игри.

Првенството е прекинато, па во соработка со УЕФА се прави план што понатаму. Следната сезона втората кипарска лига ќе претрпи реконструкција и ќе се игра во нов формат. Веќе во процедура е донесување на нов закон за ригорозно казнување на клубовите кои ќе бидат посочени како местачи.

Со ова Кипар дава пример до сите Фудбалски федерации во светот, вклучувајќи ја и Фудбалската федерација на Македонија како треба да се однесува кон клубовите-местачи.