Одбојкарите на Вардар ја загубија шансата да се надеваат барем на една титула сезонава на домашната сцена, откако во полуфиналето од Купот на Македонија беа елиминирани од Универзитет во Тетово.

„Црвено-црните“ загубија 3:1 (25:21, 16:25, 25:20, 25:20) во реваншот, додека пред една седмица без поразени и на домашен терен со 2:3 (22:25, 21:25, 25:17, 25:23, 12:15). Интересно е што на вардарци сезонава тешко им оди со тетовскиот ривал и во првенствените соочувања исто така претрпеа два порази со само еден освоен сет.

Универзитет во Тетово со пласманот во финалето испиша клупската историја.

Тетовчани во финалето го чекаат победникот од втората полуфинална пресметка, бранителот на титулата Џио Струмица и Шутова. Во првиот меч пред својата публика Струмица славеше со 3:1 (25:21, 25:21, 26:28, 25:13), додека реваншот се игра на 17 април во Кичево.