Таман се смирија работите во редовите на Баерн Минхен по онаа убедлива победа над Борусија Дортмунд и враќањето на чело на табелата во Бундес лигата, избувнаа нови проблеми кај германскиот шампион. Според пишувањата на „Билд“ денешниот тренинг на „баварците“ го одбележала блиска средба меѓу Кингсли Коман и Роберт Левандовски. Обичната кавга се претворила во физичка пресметка меѓу двајцата фудбалери, а соиграчите ги раздвојувале вжештените глави. Тренерот Нико Ковач ги испратил во соблекувалната, но потоа ги вратил назад и им рекол да го доработат тренингот.

Од Баерн не соопштуваат детали во јавност, но секако двоецот нема да остане неказнет поради нерушување на работната атмосфера во клубот.