Претстојниот викенд на програмата е трката за ГН на Кина, која ќе остане запишана во историјата на Формула 1. Имено, трката на патеката во Шангај ќе биде јубилејна – 1000. во историјата на најпопуларниот автомото спорт.

Се започна во 1950 година на патеката силвесрстиун, каде првата победа во болидот на Алфа Ромео ја оствари Џузепе Фарина. Вкупно 764 возачи настапиле досега на барем една Ф1 трка, додека 107 од нив ја имале таа среќа да бидат и победници на некоја од нив.

Најмногу трки во историјата на Формула 1 извозе Бразилецот Рубенс Барикело (326), додека најмногу победи има остварено Михаел Шумахер (91). Најмногу последователни победи има Себастијан Фетел (9), додека најмлад победник во историјата на Ф1 е Макс Ферстапен, кој триумфираше со 18 години и 228 дена. Највозрасниот Ф1 победник е Луиџи Фагиоли, кој триумфира на Ф1 трка со полни 53 години и 22 дена.