Машката пионерската репрезентација на Македонија претрпе висок пораз 18:36 (8:16) од врсниците од Србија, во првиот настап на турнирот во Ѓер, Унгарија.

Селекцијата предводена од Андријана Будимир и Дарко Петровски имаше тешко отворање на натпреварот, 1:6, 2:9, 4:10 и потоа беше скоро невозможно да се фати приклучок. Србите делуваа како класа над нашите надежи, диктираа темпо и во вториот дел, 9:23, 15:32, за на крајот да дојдат до убедлива победа.

Јасно е дека за оваа генерација ова е само почеток и дека од нив допрва ќе се очекуваат резултати, поточно главното за нив е следната година кога во Скопје преку ЕХФ шампионатот ќе бараат пласман во А дивизијата.

Македонија, в недела, 13 часот игра против домаќинот Унгарија.