Настапот на Лео Меси во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед е под сериозен знак прашалник.

Аргентинецот заработил хематом на окото по силниот удар со лакт, кој по само половина час игра го заработи од својот чувар Крис Смолинг. Меси, кој по ударот имаше раскрвавено лице, нос и најстрашно од се – очен капак, по укажаната лекарска интервенција го продолжи натпреварот, но сега неизвесно е дали ќе може да игра и во реваншот.

Шпанските медиуми информираат дека Меси нема скршен нос, но дека поради ударот има отежнато дишење. Она што е проблем е и дека раната на окото е инфицирана, па поради тоа го пропушта првенствениот меч викендов, а под знак прашалник е и за реваншот во вторник.