Енис Барди е највредниот фудбалер на Леванте, во анализа направена од шпанските медиуми. Тој во моментов има вредност од 24 милиони евра, и во моментов е прв од оваа екипа.

Анализата на сите најскапи фудбалери од тимовите од Шпанија покажа дека Барди е на 13-тото место од 20 екипи во Примера. Најскап секако е Лионел Меси, после него следува Гризман, а навреден од Реал Мадрид е голманот Куртоа.

НАЈСКАПИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ТИМОВИТЕ ВО ПРИМЕРА

  1. Лионел Меси (Барселона) 171 милиони евра
  2. Антоан Гризман (Атлетико М.) 150 милиони
  3. Тибо Куртоа (Реал М.) 75 милиони
  4. Микел Ојарзабал (Р. Сосиедад) 69 милиони
  5. Гонзало Гуедеш (Валенсија) 67 милиони
  6. Андре Силва (Севиља) 58 милиони
  7. Џонатан Ло Селсо (Бетис) 45 милиони
  8. Макси Гомез (Селта) 43 милиони
  9. Пабло Форналс (Виљареал) 41 милиони
  10. Ињаки Вилијамс (А. Билбао) 41 милиони
  11. Борха Иглесијас (Еспањол) 25 милиони
  12. Педро Поро (Жирона) 25 милиони
  13. Енис Барди (Леванте) 24 милиони
  14. Јусен Ен-Несири (Легањес) 23 милиони
  15. Немања Максимовиќ (Гетафе) 20 милиони
  16. Енес Унал (Ваљадолид) 13 милиони
  17. Раул Де Томас (Рајо Ваљекано) 13 милиони
  18. Гилермо Марипан (Алавес) 12 милиони
  19. Хуан Камило Хернандез (Хуеска) 9 милиони
  20. Џоан Џордан (Еибар) 8 милиони