И натаму не е познато каде ќе се одигра финалето на Купот помеѓу Македонија ЃП и Академија Пандев. Прва варијанта е секако „Арената“, втора е тоа да биде Струмица. Тие се најсериозните кандидати за организација на финалниот дуел.

Во меѓувреме, третолигашот Осогово од Кочани го нуди својот стадион „Никола Мантов“ за одигрување на мечот. Тие се јавија на „Твитер“.