Во првиот меч од четврфиналето на Лигата на шампионите, екипата на Манчестер Ј. загуби од Барселона со 1:0, а тимот на Солскјер го доживеа четвртиот пораз на последните пет средби.

Домашниот тим постигна имаше само седум удари кон голот на Барселона, но она што е интересно, ниту еден од овие 7 обиди не одеше во рамката од голот на Марк Андре Тер-Штеген.

Ваков негативен скор Манчестер Ј. немал од 2005 година, па досега. Последен пат Манчестер Ј. одиграм меч без ниту еден директен шут кон противничкиот гол во европските купови пред 14 години на меч против екипата на Милан.

Возвратниот меч меѓу овие два тима е следната недела на „Камп Ноу“, а момците на Солскјер ќе се обидат да најдат решение и да приредат уште едно изненадување на патот до полуфиналето во ЛШ.