Како да сме во Бурунди, односно како Прилеп да е Бурунди или пак како Победа да е член на некоја седма лига а не во нашата елитна. Имено како што „Спортмедиа“ дознава, странците во клубот, односно дел од играчите кои не се од Прилеп, по цел ден се акале по кафулињата само да не бидат дома. А што би правеле дома кога во становите каде привремено живеат немало струја, односно им е исклучена електричната енергија поради неплатени долгови кон ЕВН. А не се платени зошто Победа во последните пет месеци им исплатила, така барем самите играчи велат, само една плата. Навистина во Победа работите се катастрофално лоши, и никако истите да се подобрат. Да се надеваме дека во блиска иднина Победа ќе го врати сјајот на еден од нашите најдобри и најголеми клубови, клуб со кој сите ние а посебно прилепчани, се гордеевме. Сега таа прилепска гордост е прилепски срам…