На големото балканско дерби од квалификациите за ЕУРО 2020 меѓу Србија и Хрватска во Белград немаше победник (25:25). Србите во второто полувреме диктираа темпо и имаа константна контрола над резултатот, но на крајот пресуди еден погодок, оној на Дувњак кој донесе реми.

И со оглед на тоа дека во еден момент им држеа лекција по борбеност на „коцкестите“, Лино Червар побара тајм-аут во кој „грмеше“.

„Покажуваат двапати поголема борбеност од нас. Како може да се вратиме дома кога тие се двапати поборбени од нас? Кого да погледнам во очи? Кого? Се гине за секоја топка, за секоја. И не се продава нападот така лесно!

Видеото од тајм-аутот може да го погледнете ТУКА