Капитенот на Манчестер Јунајтед Ешли Јанг нема по добро да го памти мечот против Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот тим го загуби првиот меч со 0:1, а тој самиот одигра катастрофален меч. Можеби најслабиот за еден играч во најквалитетното европско клупско натпреварување. Бројките тоа го потврдуваат.

Јанг 32 пати ја загубил топката, а 11 пати нафрлил но ниту еднаш до своите соиграчи. Притоа има „нули“ во успешни дриблинзи, шутеви на гол и добиени воздушни дуели. Дури 73.3 отсто неточни додавања (најниската од сите фудбалери на теренот) ниту еден фудбалер немал помалку од него на меч од елитната лига.