После информацијата дека Лацио испратил понуда од 20 милиони евра за ангажман на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сега турските медиуми пишуваат дека Тотенхем е најновиот тим што испратил понуда од истата цифра за услугите на нашиот фудбалер.

Тотенхем одамна беше заинтересиран, а негови скаути го гледаа Елмас на неколку меча од Лигата на Европа.

Фенербахче веројатно летоска ќе го продаде својот „дијаман“ со оглед дека стигнуваат понуди од многу клубови, а има интерес уште од некои клубови како што се Фиорентина, Валенсија, се споменуваше и Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Лестер, Кардиф…