Фудбалската федерација на Македонија ќе ги награди репрезентативците со по 4.000 евра премија за секој играч, за успесите постигнати на стартот на квалификациите за ЕП 2020.

Оваа одлука ФФМ ја донесе на денешната седница на УО, кој силно изрази задоволство за резултатите постигнати во дуелите со Летонија (3:1) и Словенија (1:1).

За репрезентативците ова е убав стимул во пресрет на важните јунски дуели со Полска и Австрија кои се играат во Скопје.

Колку за потсетување репрезентативците пред извесно време поделија и 500.000 евра за првото место во групата Д од Лигата на нации.