Со одлука на денешната седница на УО на ФФМ, Лaзар Ракиџиев од Велес е назначен за потпретседател на Фудбалската Федерација на Македонија. Велешанецот го пополнува тоа празно место во раководството на Федерацијата откако Муамед Сејдини стана прв човек на ФФМ. Инаку досега Ракиџиев беше член на Управниот Одбор на ФФМ, функција која со успех ја извршуваше. Тоа значи дека претседателот на ФФМ Муамед Седјини во Лазар Ракиџиев ќе го има еден од најблиските соработници во раководењето со Фудбалската Федерација на Македонија.

МАНТА СТОЈКОСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИТЕ СЕЛЕКЦИИ

Марјан Стојкоски – Манта пак е избран за нов директор на сите национални селекции. Стојкоски е роден на 7 јули 1965, тој е познат наш некогашен фудбалер, еден од најдобрите во Првата лига во негово време. Беше член на Победа, Македонија ЃП, Вардар и др. клубови. Има и шест настапи за нашата најдобра фудбалска репрезентација. По завршувањето на кариерата едно време беше дел од раководството на ФК Победа. Со своето искуство секако дека од Манта се очекува да придонесе за унапредување на мак – фудбалот.