Лионел Меси и Луис Суарез нема да бидат во составот на Ернесто Валверде за дуелот кој екипата на Барселона викендов ќе го одигра против екипата на Уеска во новото коло од Ла Лига.

Каталонците го очекуваат дуелот со Манчестер Јунајтед во вторник во возвратниот меч од четврфиналето на ЛШ и затоа Валверде не сака да ги изложува на дополнителен ризик своите најдобри фудбалери во нападот. Покрај овие двајца, надвор од тимот ќе бидат уште неколку имиња од првиот тим.

Досега е потврдено дека Жерар Пике и Серхио Бускетс исто така нема да бидат со тимот за натпреварот, додека Иван Ракитиќ и Серџи Роберто се болни и исто така нема да му се стават на располагање на тренерот.