Сакраменто Кингс го отпушти тренерот Дејв Јегер после лошите резултати во последните три сезони.

Јегер со Кингс оствари биланс од 98 победи и 148 порази, не успевајќи одново да го внесе тимот во плеј-офот. Сакраменто последен пат играше во плеј-оф во 2006 година.

„После направената проценка одлучивме да тргнеме во друг правец за да прејдеме на повисоко ниво. Во името на целата организација на Кингс, сакам да му се заблагодарам на Дејв за неговите придонеси, и да му посакам се најдобро понатаму“, изјави генералниот менаџер Владе Дивац.

Оваа одлука доаѓа неколку часа по продолжувањето на договорот на Дивац до крајот на сезоната 2022/2023.