Поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галијани, тврди дека ако Финансискиот Фер Плеј постоеше на почетокот на 90-тите, Милан никогаш немаше да освои пет титули во Лигата на шампионите. Силвио Берлускони го купи Милан во февруари 1986 година и го финансираше од банкрот до светска доминација, но проблемите со Финансискиот фер Плеј кои денеска се се поактуелни, го принудија медиумскиот магнат да се откаже и да го продаде клубот пред две години.

“Кога ќе ја видам Лигата на шампионите и многуте убави години кои ги имавме, пет победи и осум финалиња, си велам што ќе беше ако беше тој фамозен Финансиски Фер Плеј. Веројатно ништо. Ако тој беше актуелет таа 1986 година, навивачите на Милан не ќе можеа да ги доживеат сите оние радости. Фудбалските претприемачи тогаш инвестираа од сопствените џебови. Сега, сепак, можете само да го потрошите она што го носите во клубот, а истите тимови ќе победуваат секоја година. Не можам да разберам зошто новиот сопственик кој сака да инвестира не може да го направи тоа поради овие ограничувања“, вели Галијани во тв-интервју.