Сопствениците на ПСЖ ја разгледуваат можноста да финансираат во англиски клуб. „Катар Спортс Инвестментс“ го има ПСЖ од 2011 година, а од тогаш па наваму во клубот играат големи ѕвезди како Нејмар, Мбапе, Буфон, Тиаго Силва…

Сопственикот на компанијата Насер Ал Келаифи ја разгледува можноста да купи некој клуб. Според информациите, во комбинација се екипите од Чемпионшип Астон Вила, Нотингем Форест и КПР.

Според правилата на УЕФА, два клуба не можат да играат во исто натпреварување и да бидат под еден сопственик. Доколку се одлучат да купат некој од горенаведените клубови, тоа не би било проблем засега.