По обвинувањата од страна на Работнички и главниот акционер, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ дека од МКФ не им дозволиле да го регистрираат американскиот кошаркар Ксавиер Џонсон, на официјалната страница на „куќата на кошарката“ се огласи со кратко соопштение, но без детали, велат од понеделник ќе се занимаваат со најтрофејниот клуб, сега сакаат да уживаат во Купот на Македонија.

„Поради одржување на завршниот турнир од државниот Куп 2019 и мотивот да не се нарушува атмосферата и спортскиот дух, канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација со сите засегнати тела и органи при МКФ ќе се произнесе со официјален став во врска со настаните околу наводите на кошаркарскиот клуб Работнички од понеделник (15. април).

А воедно на сите ученици им посакуваме успех и добри резултати, а на кошаркарските фанови им посакуваме да уживаат во натпреварите“.