Реал Мадрид нема да разгледа ниту една од понудите кои летово ќе пристигнат во клупските канцеларии, а ќе бидат наменети за Французинот Рафаел Варан. Како што објавија медиуми блиски до „кралскиот клуб“, Перез енергично одбива да разговара за можна иднина на дефанзивата на Реал беа Варан.

Според весникот „АС“, Перез им кажал на сите свои соработници воопшто да не го „заморуваат“ со понуди кои ќе стигнуваат за Французинот ова лето, со исклучок на некоја која би ја имала бројката од 500 милиони евра. Тоа е единствената цена за која Реал би можел да седне и да разговара за разделба со дефанзивецот.

25-годишниот фудбалер веќе извесно време најавува дека е незадоволен во Мадрид и дека би сакал да ја смени средината. Тоа може да биде проблем за Перез, кој со сила тешко дека ќе успее да го натера Варан да остане. Реал дури и се понуди да му даде нов договор со зголемена плата од 6 на 9 милиони евра на годишно ниво.