Главна тема на медиумите во Индонезија е апсењето на Џоко Тријоно – Џоктри, првиот човек на Фудбалската Асоцијација на Индонезија. Тој е приведен од страна на анти-мафија одредот на тамошната полиција поради сомневање дека е вмешан во местење натпревари. Така се прави тоа на Истокот, некогаш големиот бос на фудбалот во Индонезија беше приведен како најголем криминалец. Секако дека тоа е важна вест деновиве и не само во Индонезија.

Европа можеби е најразвиен дел од светот, но мора да научи како треба да се справува со криминалците во фудбалот, па тие биле и први луѓе на фудбалските федерации. Главните оперативци во анти – мафија одредот велат дека имаат докази и дека тие се предадени на обвинителството, а дека некогаш моќниот Џоктри е во притвор.