Како вовед за реванш дуелот меѓу Македонија и Исланд, Ребека накит, новиот партнер на македонскиот ракомет ги поканува љубителите на убаво парче накит и фановите на ракометот на заедничко дружење!
Утре од 14:30-16:00 часот во продажниот салон на RebeccaMacedonia во ТЦ Рамстор Скопје ќе гостуваат нашите ракометни ведети: Кире, Столе, Деки, Филип К, Филип Т, Борко.. Посетителите ќе имаат можност да се запознааат, фотографираат или да добијат автограми од нашите ракометари како и да дознаат повеќе за нивните модни вкусови:
Дали преферираат трендовски и впечатливи или елегантни и минималистички парчиња кај дамите? Каков им е стилот вон ракометниот терен? Повеќе информации за настанот можете да најдете на профилите на Ребека Македонија на социјалните мрежи, инстаграм @rebecca_macedonia и ФБ @Rebecca Macedonia. Ве покануваме да уживате во спој на модата и спортот, Италијанскиот шарм и македонската упорност и заеднички да им посакаме на нашите херои уште една нова победа во недела!!