Француската тениска ѕвезда Жо-Вилфред Цонга се пријави на турнирот во Бордо во категоријата Челенџер на крајот на април. За првпат по 2007 година некогашниот светски рекет број 5 ќе игра на турнир од најниска категорија. Оваа одлука Цонга ја донел по консултација со францускиот тим поради неговиот низок рејтинт – моментално на 116. место на светската АТП листа. А причината за нискиот рејтинг е што Цонга долго време се лекуваше од повреди поради кои не играше, а минатата година размислуваше дури да ја заврши кариерата.

Цонга решил да не бара „вајлд карта“ за Мастерс турнирите во Есторил (Португалија) и Минхен (Германија), но затоа има обезбедено дозвола (поради одличните настапи во минатото) да игра на Мастерсот во Монте Карло кој почнува утре.