Фудбалерите на Њукасл го совладаа Лестер со 1:0 на гостински терен и направија голем исчекор кон реализација на целта – опстанок во англиската фудбалска елита. Вечерва на „Кинг Пауер“ стадионот, момците на Рафаел Бенитез славеа со голот на Ајозе Перез постигнат во 32. минута на средбата и ја прекинаа серијата од 4 последователни победи на Брендан Роџерс и неговите „лисици“.

За Њукасл ова беше десеттата сезонска победа со која дојдоа до 38 бода, дури 10 повеќе од последниот тим во црвената зона, екипата на Кардиф Сити. лестер по поразот ќе остане на  7 место на табелата, скоро без шанси за битка за излез во Европа.