Францускиот стратег, Зинедин Зидан има пикирано неколку фудбалери, меѓу нив се Еден Хазард и Пол Погба.

И додека во јавноста на големо се зборува дека приказната со Хазард е завршена, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез одлучи за првпат да го одбие Зидан. Во таборот на „кралскиот“ тим нема да дојде ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Погба, а причината е едноставна. Перез не го сака францускиот фудбалер, а ниту пак е подготвен да ги прифати неговите барања, ниту да плати 150 милиони евра.

По оваа одлука на Перез, Зидан ќе мора да бара други опции, а Погба ќе мора да остане на „Олд Трафорд“ или пак да се пресели во некој друг тим.