Откако Гостивар не успеа да се пласира во финалето на Купот на Македонија, Перо Антиќ очекувано навиваше Работнички да го стори тоа. Некогашниот капитен на македонската репрезентација не го фати место, најпрво седеше, а потоа драматичните продолженија ги проследи на нозе.