Кошаркарките на Бадел 1862 се првите финалистки на Купот на Македонија во женска конкуренција. Во првото полуфинале денеска, „баделки“ славеа над екипата на Струга 2009 со 59:40 (19:13, 9:8, 16:10, 15:9). Уште во прват ачетвртина стана јасно кој е фаворитот на дуелот, откако Бадел 1862 успеа да направи предност од 6 поени. Стружанки добро се држеа во втората четвртина, но не успеаја да ја намалат разликата.

„Баделки“ повторно го засилија темпото во третиот период и се чини ја направија клучната предност од 13 поени, која потоа само умешно ја одржуваа во завршната четвртина од средбата.

Ова за Бадел 1862 ќе биде уште една шанса да се обиде да го врати куп-трофејот во своите витрини, откако минатата година во финалето беа поразени од Вардар. Денеска во составот на победничките одличен меч имаше Адамовска која постигна 16 поени, додека кај Струга 2009 се истакна Шекероска која постигна 10 поени.

Денеска во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Вардар и Работнички.