Фудбалскиот клуб Вардар ги повика своите навивачи да дојдат на трибините утре на дербито со Шкендија, и уште еднаш упати апел кон симпатизерите за фер и коректно навивање.

„Фудбалскиот клуб Вардар уште еднаш ги повикува навивачите да дојдат и да го поддржат клубот кон победа на овој натпревар. Апелираме на фер и коректно однесување од трибините, без извици со навредливи содржини. Со коректно навивање да му помогнеме на Вардар да дојде до бодовите.

Уште еднаш потсетуваме дека билети ќе се купуваат само со документ за лична идентификација. Секој кој ќе влезе на стадионот ќе биде проверуван, острите и цврстите предмети не смеат да се внесуваат на трибината.

Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, и од тука ќе нема гостински симпатизери на трибината“, соопштуваат од Вардар.