Нема шега со Струга Трим Лум, тим кој што од коло во коло покажува дека има квалитет и за повеќе од Втората Лига – Запад. Денеска, во рамките на 21. коло дури со 6:0 успеа да го победи Гоблен и така со брзи чекори ита кон елитата. Османи двапати стрелаше, Јахја, Цветаноски, Лена и Касами беа стрелците за ураганот „Струга Трим Лум“ кој гази се пред себе. Во Кичево екипата на Влазерими со 2:0 успеа да го победи Кораби, двоен стрелец беше Мурат Адили. Гостивар на свој терен до 88.минута имаше 2:1, но тогаш Петар Љамчевски израмни за конечни 2:2. Претходно Љама и Скендери стрелаа за домашните а Главевски за Пелистер. Лабуништа и покрај големата офанзива, сепак не успеа да го скрши отпорот на Генч Калемлер, крајниот резултат беше 0:0, домашните загубија два драгоцени бода. И на крај на Автокоманда во Скопје, „пиратите“ и „штофарите“ ремизираа со резултат 1:1, Личина од пенал донесе водство за Скопје а Зекири израмни.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

ВЛАЗЕРИМИ – КОРАБИ 2:0

ЛАБУНИШТА – ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 0:0

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 2:2

СКОПЈЕ – ТЕТЕКС 1:1

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ГОБЛЕН 6:0

ТАБЕЛА

  1. СТРУГА ТРИМ ЛУМ 43
  2. ЛАБУНИШТА 35
  3. ГОСТИВАР 31
  4. ПЕЛИСТЕР 30
  5. СКОПЈЕ 28
  6. ВЛАЗЕРИМИ 28
  7. КОРАБИ 23
  8. ТЕТЕКС 23
  9. ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 22
  10. ГОБЛЕН 21