Пред полн стадион и во одлична атмосфера, се одигра дербито во втората лига исток, натпреварот меѓу лутите ривали Тиквеш и Вардар Неготино. Тиквеш ја оправда фаворитската улога, и триумфираше со убедливи 4:0. Вардар Неготино играше тешко, речиси и да не направи сериозна шанса, а кавадарчани, пак, на крилјата на своите навивачи, успеаја да дојдат до победата.

Стрелци на головите беа Најдов два гола, потоа Ивановски и Лазаров. Инаку Најдов е од Неготино, па по постигнувањето на головите се извини на навивачката група на неготинчани, популарните „Винари“.

Борец со трите гола на Марко Ѓорѓиевски, на свој терен го совлада Партизан Обршани со 3:0 и ја задржа предноста на првото место на табелата.

Кожуф беше подобар од Каменица Саса со 2:1 со головите на Скендери и на Лазаревски. Детонит Јуниор и Плачковица одигра без голови. Утре играат Брегалница – Кит Го.

РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО

ТИКВЕШ – ВАРДАР Н. 4:0

БОРЕЦ – ПАРТИЗАН ОБРШАНИ 3:0

КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА 2:1

ДЕТОНИТ – ПЛАЧКОВИЦА 0:0

БРЕГАЛНИЦА – КИТ ГО (УТРЕ)

ТАБЕЛА:

  1. Борец 53
  2. Тиквеш 48
  3. Кожуф 45
  4. Брегалница 40 (-1)
  5. Кит-Го 36 (-1)
  6. Плаковица 18
  7. Детонит 18
  8. Партизан О. 13
  9. Вардар Н. 11
  10. Каменица Саса 10