Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, одлучи да не го продолжува договорот со екипата од Милано и со тоа стави јасно дознаење дека следната сезона не се гледа себе си во дресот на „нероаѕурите“. 

Според информација на шпанските весници, 26-годишниот Аргентинец има намера да ја продолжи својата кариера во тим каде постојано ќе игра во Лигата на шампионите. Неговиот сон е да се пресели во Реал Мадрид, но од Мадрид нема информација дека тие во него гледаат како приоритетен кандидат за засилување на напаѓачката линија.

Во моментов најреално е тој да остане во Италија, но да се пресели во редовите на шампионот Јувентус, кој е најзаинтересиран за него. Ситуацијата со играчот ја следат и Наполи и Манчестер Јунајтед.