Дел од ракометарите на македонската репрезентација денеска се дружеа со фановите во продажниот салон на „Ребека накит – Македонија“ во ТЦ Рамстор во Скопје.

Капитенот Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески, Филип Кузмановски минаа убави моменти, искрените насмевки и желби доаѓаат во вистинско време, како дополнителен мотив пред утрешната пресметка со Исланд, закажана со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.