Фудбалска фешта во Кавадарци каква ретко се гледа во Македонија. Соседско дерби, полни трибини, две навивачки групи, четири голови и после фаќање сеир, како што и треба, како што личи, до некоја наредна прилика. ФК Тиквеш со 4:0 го победи ФК Вардар Неготино, но најјак штос на домашните фанови „лозарите“ беше покажувањето на семафор, алудирајќи на тоа дека Неготино таква направија нема.

Чекаме одговор од другата страна, од „винарите“…